Зголемен интерес на граѓаните за користење на јавниот превоз до Средно Водно

Од викендов ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25, што сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно. На оваа линија во ударните термини ќе возат уште по два автобуса за разлика од досега.

 

Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП „Скопје", редуцирани ќе бидат термините на поаѓања на линиите 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно).

 

– Измените во возниот ред се должат на анализите направени на ЈСП „Скопје" и Град Скопје, при што беше утврдена преоптовареност на автобусите на линија 25, односно постои зголемен интерес на граѓаните за користење на јавниот превоз до Средно Водно од почетната станица од Транспортен центар. Истовремено, пак, помал број на граѓани од очекуваните користеле јавен превоз до Средно Водно со линиите 25А и 25Б, со почетна станица од Автомакедонија/Стара железничка станица и од Дом на печат, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје".

 

Користењето на линиите 25, 25А и 25Б се бесплатни за време на викенди и државни празници. Одлуката ја донесе Град Скопје со цел помасовно користење на јавниот превоз за транспорт до Водно, како една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Покрај оваа одлука Градот Скопје минатата година донесе одлука и за покачување на цената за паркинг место. Ако сакате да одите со автомобил на Средно Водно ќе треба да платите скап паркинг. Цената за еден час изнесува 100 денари по час, а секој нареден час по 50 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.