29-годишна девојка пронајдена почината во нива во Визбегово

Дваесет и деветгодишна девојка утрово е пронајдена почината во нива во Визбегово.

 

-На 22 февруари 2019 година во 9:50  часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково, информира за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

 

Тој потврди дека на местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ (29) од Скопје, а смрт без видлвии траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

 

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.