Утре сообраќаен режим на повеќе улици во Скопје

Поради градежни зафати на повеќе локации во Град Скопје, утре сообраќајот ќе се одвива согласно променет привремен сообраќаен режим, соопштија од Градот.

На булеварот „Борис Трајковски", кај влезот на поранешната фабрика Стаклара, како и на регионалниот пат „Јадранска магистрала", кај натпатникот кон Визбегово, екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта" ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина.

Градежните работи ќе се изведуваат во временски период од 7:30 до 12:30 часот, а сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.

Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.