Светски ден на рециклирање

Со собирање и селектирање на отпад на брегот на реката Треска, во близина на ресторанот „Манастирска пештера“, во кањонот Матка и музички перформанс во изведба на дечиња од приватна градинка „Пиколини“ и од музичкото училиште „Пиано арт“ денеска официјално ќе се промовира проектот „Матка-лулка на чистотата“ што го спроведува невладината организација за екологија 4SELECT.

 

На овој настан, што се одржува по повод Светскиот ден на рециклирање, и официјално ќе се промовира  и покренување на TrashTag, а децата ќе испратат порака за спас на планетата Земја и за тоа дека идните генерации сакаат да наследат чиста планета.

 

Проектот ќе се реализира со поддршка на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, а на неговата промоција ќе присуствува и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.