Денеска без струја делови од повеќе скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Илинден, Карпош, Аеродром, Илинден  и Центар.

 

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од викендиците во села Долна Матка во Општина Сарај, во периодот од 08:00 до 16:00 часот корисниците од селата Драчевица, Цветово, Мала Река, Црвена Вода, Палиград, Алдинци, Вртекица, Пагаруша, Долно и Горно Количани, фирмата Принцес во Мала Река и предавателот на Т- Mobile во село Цветово во општина Студеничани, а во периодот од 09:00 до 14:30 часот корисниците од ул. „Саса" бр. 18 во Општина Кисела Вода.

 

Прекин во електричната енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците од улиците „1„, „2", „3", „4," „5", „6" и „7" во село Батинци Општина Студеничани, во периодот од 08:05 д 10:35 часот корисниците од фирмите Колид, Анета, Електроводомонт, Даниел Рухти, ИГМ Циглана, ТИПО, Европа 92, ЗИК Момин Поток, Астекс, Графика, Еуротехника, МАККАБ, ИГМ Вратница, АЛМА М, Медика, УНИ Компани, трафостаниците на воена пошта Мал Логор, ВП 2 и ВП 3, Еуробулс, Слободанка, Мусли Компани, БЛИФ, Хисар и Гипсар во Општина Карпош, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. „Пандил Шишков" бр. 3. Општина Аеродром.

 

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик, Грушино, Бучинци, Мршевци и Бујковци од Општина Илинден, а во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од броевите „35" и „4" на ул. „Васил Ѓоргов" во Општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.