Шелтер центрите се привремен спас од насилниците, жртвите по една година се враќаат дома

 

Младешките желби и надежи за убав и среќен живот со партнерот со кој се заколнале на вечна љубов, за жал исчезнуваат по првиот шамар, кој жените го добиваат.

Дел од нив се решителни и храбри, и го напуштаат домот во кој не се чувствуваат безбедно, други пак трпат насилство, кое од ден на ден претставува и опасност за нивниот живот. Токму тогаш почнува потрагата по мирен и достоинствен живот, подалеку од насилникот. А, првата станица на тоа долго и макотрпно патување е СОС линијата 15 700 која функционира 25 години, и на која се јавуваат жени од сите слоеви на општеството, па дури и јавни личности.

 

По добиениот повик на СОС линијата, следува постапка за згрижување на жртвата.

 

Бројот на жртви кои се јавуваат на СОС линија се повеќе се зголемува, но според претседателката на Организација на жени на Град Скопје, Томка Дилевска, тоа не значи дека сега насилството е поприсутно од порано, туку дека жените се повеќе се охрабруваат да пријават.

 

За жал, по престојот во шелтер центарот, жртвите кои не успеале да се интегрираат во општеството, и да најдат работа и сместување, се приморени да се вратат кај насилникот, по што голготата најчесто е уште потешка.

 

На СОС линијата, покрај жени, се јавуваат и мажи жртви.

 

Организацијата на жени на Град Скопје, ги повикува општествено одговорните компании, но и хуманите граѓани со донации да го подобрат престојот на жртвите од семејно насилство и нивните деца во шелтер центарот, каде што им се обезбедува храна, облека, пелени и средства за хигиена.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.