Тепачка на средношколци во автобус на ЈСП, приведени неколкумина
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 20 Март 2019
Неколку средношколци попладнево се степаа во автобус број 5 на ЈСП кој сообраќал на булеварот „Теодосиј Гологанов" кон Центар, јавува МИА.
– Нема оштетувања на автобусот, ниту повредени патници, потврдија од ЈСП.
Инцидентот во ЈСП е пријавен во 14:30 часот, а како што информираа оттаму, случајот го презема Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека е излезено веднаш на местото на настанот и приведени се дел од учесниците во физичката пресметка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс