Делови од Кисела Вода и Центар утре без вода

Без водоснабдување утре од 10 часот ќе биде хотелот „Парк" и корисниците во околината на Градскиот парк и стадионот „Филип Втори", соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-РЦУК.

 

Прекинот ќе биде поради поврзување нова водоводна мрежа на улицата „Аминта Трети". Корисниците ќе бидат без вода сè до завршување на интервенцијата.

 

Прекинато водоснабдување утре од 8.30 часот ќе имаат и корисниците од улицата „Мариовска" во Кисела Вода поради отстранување дефект на затворач на таа улица. Жителите ќе бидат без вода  до завршување на зафатот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.