Делови од Петровец, Карпош, Студеничани и Сарај утре без струја

Дел од корисниците од селата Бадар, Петровец, Чојлија, Катлановско Блаце, Кожле, населбата Катланово, објектите на патот за селото Огњаци и тунелот Катланово утре од 8:55 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.

 

Од 9 до 13 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Миладин Поповиќ" во општина Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од селото Батинци лоцирани на улиците со бр. 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7.

 

Без струја од 9:30 до 14 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите на селото Бојане, во горниот дел.

 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.