Град Скопје апелира општина Сарај да постапи согласно законот за дивите платформи на Матка
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 21 Март 2019
Град Скопје денеска ја повика општина Сарај да постапи согласно законските надлежности во однос на дивите платформи на Матка.
– Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите, изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Тој посочи дека изминатава година Градот заедно со УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање изработиле законски модели со кои ќе се заштити Матка во еколошка и економска смисла.
– Ова решение ќе овозможи заштитата на Матка и нејзиното управување да не зависи од градоначалникот на Скопје или од градоначалникот на Сарај, туку од почитувањето на законот. Матка е непроценлив потенцијал за целиот град, а особено за локалното население на Сарај, истакна Салиху.
Претходно денеска градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети изјави дека општината нема да ги легализира дивите платформи на Матка, но оти не може ниту да ги урне бидејќи имаат барање за легализација.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс