Утре ќе нема струја во делови од пет скопски општини

Делови од општините Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Петровец утре, во одреден период од денот, нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

 

Како што соопшти РЦУК, без електрична енергија ќе бидат: од 08:30 до 10:00 часот корисниците на дел од улиците „Христо Узунов", „Банско", „Рилски конгрес" и „Кратовска" во Општина Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „Никола Парапунов", зграда 3 и околните објекти во Карпош, од 09:00 до 13:00 часот корисниците од селата Сушица, Ќојлија, Долно Средно и Горно Коњари, Дивле, и Живиње во Петровец, од 09:00 до 14:30 часот корисниците од дел од улицата „Атанас Иљоски" во Ѓорче, од 10:30 до 13:30 часот корисниците од улицата „Водоча" во Аеродром и од 12:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „Мите Богоевски" со броевите 2, 3, 5, 6 и 7 во Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.