На 17 април ,,Ролер трка 2019” во Скопје

Детскиот културен центар „Карпош“ годинава по осми пат ќе организира „Ролер трка 2019 “, наречена ,,Возиме кон иднината” а ќе учествуваат  училиштата од градот и околината.

 

Како што информираат од ДКЦ Карпош, целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.

 

-Со мислата во здраво тело , здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална и  од година во година е се помасовна, стои во соопштението од ДКЦ Карпош.

 

Во манифестацијата ,,Возиме кон иднината”, минатата година учествуваа околу 700 ученици, а годинава се очекува бројката да биде поголема. Учесници се деца од 30  и  повеќе основни училишта од градот и околината.

 

На  Ролеријадата ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија Манифестацијата ќе се организира на 17 април со почеток  во 12 часот.  Стартната позиција  ќе биде на Бул.„Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и се движи до клучката на бул „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило) и назад до целта.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.