Дури 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возеле

Во билтенот на МВР секојдневно може да се прочита колку граѓани биле тешко или полесно повредени и колку го загубиле животот во сообраќајни несреќи кои за жал секогаш настануваат поради невнимание и непочитување на правилата за возење.

 

Реченицата која често може да се слушне е внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Но ова ретко кој го почитува и ретко кој го разбора значењето на оваа реченица. Граѓаните се загрижени и велат дека треба да се стави крај на дивеењето на скопските улици кое резултира со се поголем број на сообраќајни несреќи.

 

Граѓаните велат дека голем деј од возачите возат пребрзо и не ги почитуваат сообраќајните правила, тие бараат од полицијата да го стави крајот на хаосот кој резултира со се поголем број на жртви. Велат со ваква возачка некултура никој не може да биде безбеден на скопските улици. Причината за несовесното возење не е само брзото возење, пијаните возачи, непочитување на правилата на возењето туку и се повеќе употребата на мобилни телефони додека се вози. Доволно е само да се застане на која и да е скопска улица или булевар за да се видат возачи со телефон во една, а воланот во друга рака: се зборува, се пишуваат пораки, се вртат броеви, се гледа надолу, а не на коловозот. Таквите возачи често и поминуваат покрај полицијата која некои ги казнува, а некои не.

 

Граѓаните реагираат дека употребата на мобилните телефони зад воланот достигнала загрижувачки размери. Едно истражување на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот покажало дека дури 63 отсто од возачите користеле мобилен телефон додека возеле. А тоа значи дека вниманието им било послабо и дека немале целосна контрола врз возилото и со тоа ги загрозувале другите учесници. Во просек, младите возачи до 30 години двапати повеќе ги користат мобилните телефони отколку повозрасните.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.