Расте бројот на жртви на семејно насилство, за жал по една година жртвите се враќаат кај насилникот

Бројот на жртви на семејно насилство постојано се зголемува. Се поголем е бројот на жртви кои го пријавуваат насилството што им се случува во семејството и бараат помош. Жртвите се почесто се охрабруваат да пријават на СОС линијата 15 700.

 

Од шелтер центарот  за семејно насилство на Организацијата на жени на Град Скопје информираат дека семејното насилство отсекогаш било присутно, но се зголемува и бројот на лица кои собираат храброст да пријават дека биле жртва на член од семејството. Од повиците кои ги добиваат на СОС линијата најчестите жртви и понатаму се жените кои претрпеле насилство. Оваа линија функционира 25 години, и се јавуваат жени од сите слоеви на општеството. По добиениот повик на СОС линијата, следува постапката за згрижување на жртвата.

 

Нена Смилевска која е координаторка на шелтер центарот за семејно насилство при ОЖГС, вели дека по јавувањето на СОС линијата тие ја спроведуваат постапката за згрижување на жртвите и им пружат целосна помош.

 

За жал, по престојот во шелтер центарот, жртвите кои не успеале да се интегрираат во општеството, и да најдат работа и сместување, се приморени да се вратат кај насилникот, по што голготата најчесто е уште потешка. Смилевска додава дека покрај жените има и мал процент  мажи кои пријавиле дека се жртви на насилство во домот.

 

Смилевска, ги повикува општествено одговорните компании, но и хуманите граѓани со донации да го подобрат престојот на жртвите од семејно насилство и нивните деца во  шелтер центарот, каде што им се обезбедува храна, облека, пелени и средства за хигиена.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.