На 22 април завршува пријавувањето за учество на Виз ер Скопски маратон

Виз ер Скопски маратон најави едно ново повисоко ниво на манифестацијата, подготвувајќи се да го одбележи својот 15-годишен јубилеј.

 

Еден од најпопуларните спортски настани во Македонија, кој за првпат ќе се одржи во сабота, на 4 мај, добива уште поголема поддршка од Делегацијата на Европска Унија, која ќе биде покровител на штафетниот маратон. Пријавувањето за маратонот завршува на 22 април. „Ова е нашиот 15-годишен јубилеј и секоја година се трудиме да внесуваме новости. Сакаме константно да се надградуваме.

 

Оваа година, благодарение на поддршката од Делегацијата на Европска Унија, се организираат и бесплатни групни тренинзи, кои почнаа на 28 март. Унијата е и покровител на ‘Штафетниот маратон – ЕУ за спорт’, кој оваа година има нови медали. Честиот развој ни дозволува да останеме релевантни во регионот и пошироко и затоа и се пријавуваат толку многу учесници од други држави“, истакнуваат од Виз Ер Скопски маратон. Патеката е измерена од претставници на Меѓународната атлетска федерација и на Светската асоцијација на маратонски трки, со што Скопски маратон го обнови сертификатот за точност на патеката.

 

Виз ер Скопски маратон и оваа година ќе ги содржи трката на пет километри, полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон. Пријавувањето за учество завршува на 22 април, а стартните пакети ќе можат да се подигнат на 2 и 3 мај во просториите на „Парк хотел и спа“. Минатата година, околу 10.000 учесници од 51 држава настапија на Скопски маратон.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.