Риба од рециклирано железо во Градски парк

 

 

Во Градскиот парк Скопје ќе биде поставена склултура на Андреј Миневски, која е замислена естетски да претставува риба, но да служи и за собирање отпад.

 

Рибата е изработена од рециклирано железо и има функција да биде канта за отпадоци или контејнер со кафезна конструкција во која отпадот од пластика може да се собира од повеќе места.

 

Замислен е и дизајниран да можат и децата да го стават отпадот во овој контејнер. Целта на оваа скулптура е да ги стимулира граѓаните да го остават отпадот на соодветни места и да внимаваат на чувањето на животната средина.

 

Скулптурата ќе се постави до езерцето во Градски парк Скопје, кај кајакарскиот сојуз.

 

Проектот е финансиски поддржан од ФООМ.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.