Казни за брзо возење, непрописно паркирање, нерегистрирани возила

Постојаното брзање кое ни го наметнува животното темпо, како и големиот метеж во сообраќајот, не ставаат во искушение некогаш свесно да ги заобиколиме сообраќајните закони, предизвикувајќи несреќи кои за жал неретко завршуваат и со смртни последици.

 


Единствен начин да се избегнат несреќи е да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, кои за жал според податоците на Министерството за внатрешни работи, се почесто се прекршуваат.

 

Колку за илустрација, само минатото деноноќие, седум лица се полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

 

Од сообраќај се исклучени 10 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило. Исто така санкционирани се шестмина возачи кои поминале крстосница на црвено светло, петмина кои не носеле сигурносен појас, 11кои зборувале на мобилен и двајца кои се престроиле неправилно.

 

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за Прва скопска вели дека минатата година министерството набавило нови 80 дрегери за тестирање на присуство на алкохол, 30 радари за контрола на брзината на возење, како и 30 фотоапарати со надворешен блиц и дополнителна опрема за потребите на сообраќајните увидни екипи, со што значително е зголемена и сообраќајната контрола, Што ги демотивира возачите да ја надминат дозволената брзина на возење или да возат под дејство на алкохол.

 

Од СВР Скопје информираат и дека редовно одржуват едукативни работилници од областа на сообраќајот со ученици од основните училишта и градинките, а покрај најмладите граѓани, на правилно однесување ги учат и возрасните кои со своите постапки покажале дека им е потребна едукација. За таа цел се реализира и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која учествуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.