Делови од Кисела Вода, Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров утре без струја

Корисниците од улицата „Ѓорѓи Сугаре“ број 16 во Општина Кисела Вода утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат без струја.

 

Како што информира Регионален центар за управување со кризи на Град Скопје, од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата „519“ во населба Керамидница во Општина Гази Баба.

Во период од 8:30 до 13:30 часот ќе биде објектот на маркет Тинекс на булеварот „Борис Трајковски“ во Општина Кисела Вода.

 

Од 8:45 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка, дел од корисниците од село Сарај, како и објектите на Бис Оил, Адриус и Ти Амо во Општина Сарај, а од 9:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Стопански Двор лоцирани во околината на поранешна ЗЗ Прогрес во Општина Ѓорче Петров.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.