Започната е првата фаза од изградбата на булевар „АСНОМ"

Градот Скопје ја заврши постапката и започната е првата фаза од изградбата на булеварот „АСНОМ", од мостот „Близнаци" до реката Вардар што се очекува да биде готов до крајот на годинава.

 

За ова информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска, додавајќи дека оваа есен ќе започне изградбата на мостот кон Ќерамидница и до крајот на другата година очекуваат дека целосно коридорот на раскрсницата кај Саем што е фундаментален за градот ќе биде исполнет.

 

– За мене фундаментално е тоа што Градот ги доведе до крај постапките за изградба на овој нов булевар што го најавивме уште во текот на минатата година. Скопје сериозно ќе биде визибилно во текот на годинава. По изборите граѓаните можат да бидат сведоци на целосна реконструкција на булеварот „Партизанска", од бензинската Макпетрол до мостот на Обединети нации, делница што ни остана, информира Шилегов.

 

Тој најави целосна реконструкција на булеварот кај Битпазар и на булеварот од Веро центарот до Црвен крст.

 

– Фундаменталните сообраќајници ќе добијат сосема нов изглед, ќе бидат конечно третирани онака како што треба да бидат, тоа е само мал дел од градежните активности што ги презема градот. Го отвораме тендерот за проектирање на тунелите. Два булевара во моментов се градат: „Босна и Херцеговина" и „Христијан Тодоровски-Карпош", вели Шилегов. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.