Шилегов оствари средба со градоначалникот на Нирнберг

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска оствари средба со делегација од збратимениот град Нирнберг, предводена од градоначалникот Улрих Мали.

 

– На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и истата ја оценија како одлична, каде што се реализирани голем број проекти и активности во областа на културата, младинската и спортската размена, противпожарната заштита и животната средина, соопштија од Град Скопје.

Посочија дека делегацијата од Нирнберг денеска присуствувала и на официјалното доделување на донација на градинката „8 Април" во Општина Шуто Оризари.

 

– Подоцна делегацијата треба да ја посети и канцеларијата на „Урбана лабораторија на Скопје" (Skopje Urban Living Lab) во Старата скопска чаршија, која е отворена во рамките на европскиот проект „РОК" – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK), наведоа од Град Скопје.

Соработката меѓу Скопје и Нирнберг датира од 1963 година, кога овој град се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес, додека официјалното потпишување на договорот за збратимување на Скопје и Нирнберг се случи во 1982 година. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.