,,Скопските скапоцени камења” – мобилна апликација за Скопската чаршија

Преку новата мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ (Skopje Gems),  посетителите на стариот дел на Скопје – Чаршијата, ќе имаат можност ова место да го доживеат на нов начин.

 

Апликацијата нуди седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град.

 

Апликацијата е достапна на десет јазици, а беше развиена од Институтот за стратешки истражувања и образование.

 

Апликацијата е бесплатна преку „Ап стор“ (App Store) и „Плеј стор“ (Play Store) и ќе биде промовирана на скопскиот аеродром, но и преку хотели, туристички инфоцентар, агенции, барови и ресторани, преку интернет и социјалните мрежи.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.