Во Скопје одбележан Денот на пожарникарите

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарството.

 

Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на  Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт.

 

Шилегов, во свое лично име и во името на граѓаните на Скопје им се заблагодари на пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија. Шилегов истакна дека Градот Скопје вложува во опремување и модернизација на Противпожарната бригада.

 

Бригадата за противпожарна заштита од оваа година е побогата за нови 20 пожарникари, а предвидени се и дополнителни 50-тина вработувања. Градоначалникот Шилегов додаде дека на тој начин, го зголемуваат капацитетот на бригадата, а истовремено се чекор поблизу до исполнување на европските стандарди согласно со кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители. Вложувањата во развојот на пожарникарството не смеат да престанат.

 

Шилегов нагласи дека заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од витално значење за Скопје.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.