Од денеска сообраќајот во Скопје ќе го регулираат кандидати за полициски службеници

Од денеска крстосниците во Скопје ќе ги регулираат кандидатите за полициски службеници по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службеник што се одвива во Центарот за обука во Идризово.

 

Практичната обука за физичка регулација на сообраќајот ќе се одвива на неколку централни крстосници во Скопје.

 

Како што соопшти МВР, во периодот од 09.00 – 15.00 часот утре, на 21, 22, 27, 28 и 29 мај годинава на крстосниците кај Сајмиште, Железничка станица, Црвен Крст и Стара Рампа, кандидатите за полициски службеници заедно со четворица полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ја реализираат практична обука за физичка регулација – физичко регулирање на сообраќајот, каде што секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник околу пет до 10 минути.

 

За таа цел од МВР ги замолуваат граѓаните да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.