Утре цртање на асфалт по повод денот на Св. Кирил и Методиј

ЈУ Детски културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата „Цртање на асфалт“, во која учествуваат најмалите, односно децата од сите градинки од Скопје и околината. Оваа манифестација е посветена на  денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј, кои се едни од најзначајните личности во македонската историја.

 

ДКЦ “Карпош ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), ќе организира пригодна програма, како и запознавање на децата кое е значењето и зошто се одбележува овој голем ден како празник. За учесниците ќе има симболични награди и дипломи за градинките учеснички на манифестацијата. Децата од предучилишните установи, градинките ќе можат да ја изразат својата креативност со своите цртежи кои ќе бидат по слободен избор. 

 

Манифестацијата ќе се одржи во Градскиот парк, кај споменикот на Гоце Делчев утре  со почеток во 10.30 часот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.