„Скопје Креатива 2019” од 31 мај до 2 јуни ќе го заокружи календарот на настани за месец мај

Осмото издание на фестивалот за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2019” ќе го заокружи календарот на настани за месец мај, со тридневна програма, почнувајќи од 31 мај до 02 јуни. Фестивалот годинава ќе се реализира под мотото „Зелено Скопје”, кое симболички ја содржи идејата за еколошката свест како култура на живеење.

 

Идејата е, преку фестивалот и неговата програма, да се ангажира креативниот потенцијал на Градот Скопје, во насока на создавање на подобра релација помеѓу жителите и животната средина, како и да се поттикне креативно и иновативно делување, со цел создавање на творештво кое ќе придонесе во општествениот и економски развој на градот.

 

 Фестивалот опфаќа неколку програмски линии: програма за дизајн преку сегментите за развој на нови прототип производи, „Брендирање на зелено Скопје“ и „Бјутификација на градот“; програма за архитектурата посветена на „Екологиите на градот“ и трансформација на јавниот простор; музичката програма преку издавање нова музика и настапи на квалитетни музички автори и диџеи и филмска програма „Кино утро“ и „Кино под ѕвездите“ како интересен спој на документарни филмови, реклами и патописни репортажи од архивите на „Вардар филм”. Дополнително, „Скопје Креатива 2019“ ќе понуди креативни работилници за деца, театар, изложба на редизајни на постери за македонски филмови, музички албуми и книжевни дела, презентации на иновации и поп-ап стор за дизајн, книги и музички изданија од домашни автори и издавачи.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.