Доколку видите змија, трпеливо почекајте да си отиде или повикајте стручно лице од ЗОО Скопје

Со почетокот на летото и високите температури излегуваат и змиите, па затоа граѓаните треба да внимаваат во зависност од тоа каде се движат. Она што треба да го знаете е дека една змија напаѓа кога се чувствува загрозено.

 

Ако ја допрете по грешка или се случи нешто, таа ќе се брани, а први симптоми на загризот се вртоглавици, мачнина, повраќање, оток. Треба да запаметите кои змии се отровни, а кои не и како да ги препознаете. Важно е да не правите ништо на своја рака, туку да се обратите најбрзо на лекар.

 

 Од скопската Зоолошка градина за 1-ва скопска информираат дека во последните неколку години се повеќе луѓето навлегуваат во природните средини на змиите и им ги земаат  нивните живеалишта. На сметка на тоа, се повеќе се градат куќи во околината на Скопје и на планините, каде што претходно змиите живееле без толкаво присуство на луѓе. Најчесто змиите влегуваат во домовите, бегајќи од нешто или криејќи се од некој предатор или пак едноставно несвесно бидејќи тоа некогаш било само нивна природна средина, а сега е населено место.

 

Од ЗОО-Скопје советуваат кога ќе влезе змија во домот не треба да се крева паника и да се плашиме. Во 99% од случаите, се работи за неотровна змија, односно за смок. Смоковите во самоодбрана знаат и да каснат, доколку дојде до такво нешто мора веднаш да се дезинфицира отокот од касањето. Угризот од смок е исто како да ве каснало оса, но, змиите никогаш не напаѓаат први. Кога ќе видите змија во домот, потребно е да стоите на дистанца и да ги отворите сите врати или прозори од каде што може да излезе. Трпеливо да причекате да си отиде, а доколку ви е страв најубаво е да повикате стручно лице кое ќе помогне да се извади змијата побрзо. Во никој случај, не помислувајте да ја убиете змијата, сепак и тоа се живи суштества, кои не штитаат од штетници, додаваат од зоолошката градина. Доколку не се плашите од зоолошка велат змијата да ја однесете во планина и да не ја убивате, а доколку ви е страв повикајте ги стручните лица тие да го сторат тоа.

 

Многу е важно дворовите секогаш да се одржуваат чисти, искосени и средени. Да нема високи треви и растенија и да не се оставаат предмети каде што змијата може да се сокрие.

 

Инаку, за два месеца на Клиниката за инфективни болести четворица граѓани побарале помош поради каснување од змија. Отровот може да предизвика разни компликации на респираторниот систем, тешко оштетување со тромбози и смрт.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.