СТОП за дивеењето на скопските улици!

Ставање крај на дивеењето на скопските улици кое резултира со се поголемиот број на сообраќајни несреќи бараат граѓаните на Скопје. Секојдневно во билтенот на МВР се среќаваат болем број на сообраќајни несреќи во кои еден дел завршуваат со фатални последици.

 

Една од нив е тешката сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа околу 22.30 часот во населбата Пинтија во која живoтoт на лицe мecто го зaгyбиja двајца млади од Скопје. Оваа сообраќајна несреќа се случува само 20-тина дена по тpaгeдиjaта во која зaгинa цело семејство кај бензинската „Лукоил“ на влезот во населбата Драчево, само стотина метри подолу од синоќешната незгода. Според нeoфициjaлни информации, во cooбpaќајката во која учествувале возила „Голф“ и „Пежо“, се работи за нecooдвeтна бpзинa и пpeтекнување.

 

Со цел решавање на проблемот околу дивеењето по скопските улици како што информираше денеска министерот за внатрешни работи, Министерството изготува законски измени со цел да се воведе електронски систем во надзор на безбедноста на сообраќајот со поставување безбедносни камери, кои ќе можат да препознаат одредени прекршоци и директно да изрекуваат казни за сторителите со што ќе се намали еветнуалното влијание на човечкиот фактор и ќе се скрати времето на изрекувањето на казните.

 

Спасовски не прецизираше кога би се случиле законските измени, кои би овозможиле  поставување безбедносни камери за сообраќајните прекршоци, но напомена дека во земјава е потребно подигнување на јавната свест и зголемување на сообраќајната култура.

 

На булевар „Борис Трајковски" од јануари до мај се изречени 369 казни за брзо возење, а еден од учесниците во вчерашната сообраќајка, во која за жал имаше смртни последици, имал изречено 16 казни од јануари оваа година.Сето ова покажува колку сите треба да бидеме свесни како се однесуваме во сообраќајот. Се упатува апел до сите граѓаните да помислат на своите деца кога седнуваат зад воланот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.