Во Скопје санкционирани 36 возачи што ја пречекориле дозволената брзина
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 14 Јуни 2019
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 36 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина.
Откриени се и 64 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера низ централното градско подрачје презеде и мерки за непрописно паркирање на патнички возила. Притоа, во периодот од 8:00 до 24:00 часот, со специјално возило пајак се подигнати 54 возила, а преземени се вкупно 63 мерки за непрописно паркирање на патнички возила.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс