Кабастиот отпад директно влијае врз загадувањето на животната средина

Собирањето на кабастиот отпад и градежниот шут има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење.

 

Несовесното флање отпад на јавни површини, односно надвор од наменски поставените садови ги создава дивите депонии. Секое непрописно одлагање на отпадот надвор од поставените садови претставува прекршување на Законот за јавна чистота и истовремено директно влијае врз загадувањето на животната средина и здравјето на луѓето.

 

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ што се грижи за одржување на јавната чистота во главниот град, за собирање и транспортирање комунален отпад и за извршување други дејности кои се во негова надлежност, минатата година расчисти и подигна 5.144 кубни метри отпад од диви депонии. Тоа претставува зголемување од 516 проценти во однос на истиот период подигнат отпад од диви депонии во 2017 година.

 

Оперативната програма за работа на претпријатието предвидува отпадот да се собира шест пати во неделата. Сепак, екипите на „Комунална хигиена“ седум пати неделно, во три смени, го собираат и го транспортираат комуналниот отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, како и од речиси 600 стопански субјекти со цел хигиената и чистотата во градот Скопје да се покрене на највисоко можно ниво.

 

ЈП ,,Комунална хигиена,, постојано се обидува да ја покрене јавната свест за штетноста од несовесното одлагање на отпадот. Ги информираат граѓаните и апелираат до нив својот комунален отпад да го исфрлаат само во контејнерите, кантите и корпите за отпадоци. Во таа насока, претпријатието на граѓаните им овозможува без плаќање паричен надомест својот кабаст отпад, во што спаѓа стариот мебел, електронската и електричната опрема, да го депонираат во Центри за селекција во Карпош и во Вардариште.

 

Секое исфрлање отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции.

 

Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните да престанат да го исфрлаат отпадот на јавни површини бидејќи на тој начин се загадува животната средина. Исто така со претпријатието со своите специјални возила на граѓаните им ја нудат услугата за собирање и транспорт на кабастиот отпад од нивните домови. За сите информации можат да се обратат на бр: 0800 22233 или на дежурниот телефон 02/3216-644.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.