Шилегов: Во текот на оваа година ќе успееме да започнеме постапка за реорганизација на јавниот транспорт

Според градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, во текот на оваа година би требало да започне постапката за реорганизација на јавниот транспорт.

 

- Во Ѓорче Петров веќе имаме лоцирано една парцела што ќе биде блиску до локацијата каде ќе треба да се изгради новиот клинички центар и во потрага сме и работиме заедно со општина Гази Баба на влезот на таканаречената источна порта. Во Град Скопје дневно влегуваат околу 40.000 возила, 22.000 на западната порта, 18.000 на источната порта кај Автокоманда, изјавил Петре Шилегов на советничко прашање поврзано со проектот „Паркирај-вози“ од советничката Јелена Жугиќ.

 

Тој додаде дека се во фаза на прибирање на тие работи, и верува дека ќе успеат во текот на оваа година да започнат постапка за реорганизација на јавниот транспорт. Дел од таа приказна е јавниот транспорт да се направи лесно и евтин за тие што влегуваат во градот и да можат да го користат и кога ќе влезат во тој еден систем пратечката активност ќе биде „Паркирај-вози“.

 

Шилегов потсети дека есента во соработка со „Македонски железници“ го промовирале потенцијалниот иден воз, и изработиле проект за движење од Драчево до Ѓорче Петров, со осум попатни станици.

 

– Во визијата за развој на Скопје, имајќи го предвид просторното ограничување на Скопје, градот сакале ние или не ќе се движи према север, пратејќи ја пругата. Сите современи градови во Европа што го планирале својот развој најпрво го решаваат прашањето за економичен, брз јавен транспорт. Овој дел каде што и сега градот развива булевари е идниот простор за развој на нашиот град, а се наоѓа непосредно кон пругата што може лесно да се трансформира од железничка или да остане и железничка, но и да служи за идниот градски воз, рече Шилегов.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.