Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ

Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески" во Скопје со почеток во 20 часот.

 

Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден", улиците „Аминта 3-ти" и „Наум Наумовски – Борче".

 

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.