Од 20-22 јуни ќе се одржува „Статуафест и Баскеркараван“

Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и Баскеркараван“ ќе се одржи во Скопје од 20 до 22 јуни со почеток од 18 и 30 до 23 часот.

 

На фестивалот учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи  од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и артисти од нашата држава.

 

За музичкиот дел се задолжени Тони Зен, ДЏ Бугимен и Онија Блузерите.

 

Фестивалот ќе се одржува на плоштад „Македонија“ и на ул. Македонија која води од плоштад кон Мајка Тереза.

 

Главен покровител на фестивалот е град Скопје, а организатор е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.