Скопјани до 28 јуни може да го платат долгот за вода и смет без да се плати каматата

Граѓаните на Скопје кои имаат заостанати сметки за смет и вода истите имаат можност да ги подмират без камата до 28 јуни.

 

ЈП Водовод и канализација и ЈП Комунална хигиена од Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни.

 

„Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година“, се наведува во соопштението во кое се додава дека физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.