Ново живеалиште за Коко и уште три шимпанза во Зоолошката градина Скопје (ФОТО)

Шимпанзото Коко заедно со уште три шимпанза Мими, Роси и Хјасл, со кои се ресоцијализираше во Холандија повторно е во Зоолошката градина во Скопје.

 

Изминатите десет години Коко престојуваше во Холандија на ресоцијализација откако остана сам во Зоолошката градина во Скопје, по барање на зоо негуватели и новинари. Шимпанзата имаат ново живеалиште изградено по светски стандарди, кое има голем внатрешен и надворешен дел, збогатено со голем број реквизити. Тие сé уште се во карантин и го испробуваат новото живеалиште.

 

Зоолошката градина денеска ја посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов заедно со директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.Шилегов потсети дека лани почнале со реализација на живеалиштето, кое ги исполнува сите стандарди пропишани за заштита на животните. Очекува дека скопјани и сите жители ќе можат да ја посетат збогатената програма на Зоолошката градина. Лани во скопската Зоолошка стигнаа слоновите Дуња и Даела, а се очекува да пристигнат пингвини и фламинга. Нивните живеалишта се при крај.Шилегов најави дека на пролет следната година ќе биде отворен Дино парк.– Град Скопје сериозно инвестира во Зоолошката градина и успеваме, граѓаните тоа го препознаваат. Успеваме и во одредени периоди имаме 30.000 посетители, изјави Шилегов.Додаде дека Зоолошката градина станува заштитен знак на Скопје.

 

Директорот Галетановски информира дека Коко е симбол на Зоолошката градина. Коко замина во Холандија по смртта на неговата мајка и беше неопходна негова ресоцијализација.-Коко бил излечен за една година, но Холанѓаните, Асоцијацијата AAP Аnimal Advocasy Protection барала соодветни услови за тој да биде вратен во нашата држава. Работевме интензивно, рече Галетановски.Во 2015 година решиле дека треба да го почнат живеалиштето најверојатно со соодветни услови кое се градело две или три години. Галетановски додаде дека со неговото доаѓање на функцијата ја забрзале процедурата на градење и додаде оти затекнале живеалиште изградено со многу недостатоци кои требало да бидат отстранети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.