Уредени нови зелени површини во Скопје

Екипите на Град Скопје хортикултурно уредија и реконструираа повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот. На зелените плоштади и коридори е поставена мрежа за наводнување, уредени се нови тревници и цветни форми и се засадени садници.

 

На булeварот „Србија“, спроти Џевахир Скај Сити, на површина од 4.781 квадратен метар е уреден зелен плоштад со хидрантска мрежа и 50 прскалки. Со зеленило е уреден и просторот во Ново Лисиче меѓу булеварот „Февруарски поход“ и улицата „Тодор Чангов“, на површина од 3.635 квадратни метри.

 

Зазелени и просторот меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Кемал Сејфула“ во Чаир на површина од 3.590 квадратни метри, а уреден е и зелен коридор на булеварот „8. Септември“ во Карпош – на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на површина од 3.479 квадратни метри.

 

Во текот на изминатите месеци со зеленило се збогатени јавни површини и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај „Реплек“, на булеварот „Партизански одреди“, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и во близина на Универзалната сала, како и на просторот зад „Дрводекор“ и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“.

 

Град Скопје соопшти дека активностите за уредување нови зелени плоштади и зелени коридори ќе продолжат и во текот на летово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.