Заврши вториот јавен повик за субвенции за велосипеди во Скопје

Град Скопје соопшти дека денеска е затворен вториот јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди за 2019 година бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства. Барања за субвенции за велосипеди од утре нема да се примаат во архивата на Град Скопје.

 

Вториот јавен повик за субвенции за велосипеди беше објавен на 26 јуни 2019 година и пристигнале над 670 барања.

 

На првиот јавен повик, пак, пристигнале 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.