Започна реконструкција на булеварот Кочо Рацин (ВИДЕО)

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Кочо Рацин, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје.

 

На оваа сообраќајница ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов асфалтен слој на должина од 880 метри, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј.

 

Реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин ќе се одвива во наредните 40-тина дена. Продолжуваме да го применуваме истиот принцип на брза и квалитетна работа со цел да го намалиме сообраќајниот метеж. Оваа година градежните работи на главните градски сообраќајници завршуваат во рекордно кратко време, со што се овозможува сообраќајот во нашиот град да се одвива непречено и по реконструирани коловози кои ја гарантираат безбедноста на сите учесници во сообраќајот – рече градоначалникот Шилегов на увидот во градежните работи на булеварот Кочо Рацин.

 

Додека траат градежните работи, на булеварот Кочо Рацин ќе се воведе привремен режим на сообраќај. Шилегов апелираше граѓаните на дневна основа да ги следат информациите на Град Скопје за воведување привремен сообраќаен режим на градските сообраќајници и за можните застои.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.