Почна реконструкцијата и проширувањето на патот Хиподром – Илинден

Со поддршка на Владата, преку Центарот за развој на скопскиот плански регион ,денеска почна реконструкција и проширување на патот Хиподром – Илинден.

 

Проектот чини шест милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски информира дека патот Хиподром – Илинден беше целосно оштетен, тесен и небезбеден за граѓаните.

 

– Денеска конечно почнува неговата реконструкција, која опфаќа обнова на асфалтот во должина од два километри и проширување на патот за уште една дополнителна лента. Со ова обезбедуваме поголема безбедност на возачите кои го користат овој пат, а исто така изграден се поставува и нов тротоар во должина од 2.000 квадратни метри, со што ја гарантираме и безбедноста на пешаците. Градиме плански и ги решаваме проблемите на граѓаните, создавајќи безбедна патна инфраструктура, изјави Георгиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.