Се реновира вториот кат на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Се реновира вториот кат на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје со цел подобри услови за работа и пружање квалитетни услуги на корисниците.

 

– По долг временски период во тек е комплетно реновирање на вториот кат во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со површина од 1.000 квадратни метри. Со реконструкцијата се опфатени одделот за странска литература, одделот за стари и ретки книги и архивски примероци, малите читални наменети за магистранти и докторанти, конференџиската сала и електронската читална, соопшти Град Скопје.

 

Во библиотеката „Другарче“ во тек е поставување товарен лифт, кој ќе биде наменет за пренесување книги кои се обработуваат во одделението за обработка на книжен фонд и потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки кои се во составот на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

 

 

За овие активности Град Скопје од буџетот одвои околу 15 милиони денари.

 

Градските влaсти информираат дека подобрувањето на условите во културните установи и континуирано подобрување на квалитетот на нивните услуги за корисниците и посетителите останува еден од нивните врвни приоритети.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.