Се уште активен пожарот кај Пинтија

Пожарот во Пинтија се уште е активен. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје доби помош и од воздух, активирани се и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

– Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

 

Тој информира дека ноќва на терен ќе има дежурни екипи на пожарникари, иако теренот е непристапен.

 

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината. Во гаснењето е вклучено и месното население.

 

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.