Изгаснат пожарот кај Љубен, нов кај Велеполе кон Кондово и Свиларе

Пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе помеѓу селата Кондово и Свиларе. Со пожарот е зафатена борова шума.

 

Противпожарната единица на град Скопје, како што изјави за МИА командирот Владимир Симоновски, на терен интервенира со три возила и 10 пожарникари, а се планира дополнително да биде испратено уште едно возило.

 

– Се работи за непристапен терен, правиме се пожарот да биде под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово, изјави Симоновски.

 

Претходно, пожарникарите интервенираа во Љубен каде доцна вечерва целосно го изгаснаа пожарот што зафати поголема површина сува трева и борова шума на потегот кон село Рашче во Општина Сарај.

 

Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.