Акција за исклучување на диви приклучоци за вода во општина Сарај

Екипи на ЈП Водовод и канализација заедно со комунални инспектори од Град Скопје денеска спроведуваат акција за исклучување на диви приклучоци на територијата на општина Сарај.

 

Покрај многубројните апели за разумно и рационалното користење на водата во периоди на високи температури како и информациите за зголемена потрошувачка на водата упатени до граѓаните, ЈП Водовод и Канализација – Скопје регистрираше голем број на диви приклучоци кои дополнително ја оптеретуваат мрежата и вршат злоупотреба на истата. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период се до целосно нормализирање на состојбата, соопшти ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

 

Апелираат за разумно користење на водата од страна на сите граѓани на целата територија на град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.