На 13 -ти септември почнува 44-то издание на МОТ (ВИДЕО)

Mеѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ), годинава ќе биде  домаќин на повеќе интересни театарски претстави од 8 држави кои во периодот од 13. до 21. септември на различни сцени ќе се претстават пред скопската публика.

 

-Чест ми е што имам можност да присуствувам на најава на вакви институционални манифестации, затоа што МОТ е институција по која се препознава нашиот град, и да го најавам традиционалното 44-то издание на Млад отворен театар. Ќе имаме ретка можност и чест на 13-ти септември МОТ да отвори со перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина“, со кој годинава нашата држава на престижното Прашко квадриенале ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација -изјави Шилегов на прес-конференцијата во МКЦ.

 

Тој додаде дека на затварањето на Фестивалот ќе се претстават гостите од Атина со претставата насловена како „Чист град“ која ги разработува стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти коишто се однесуваат до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина.

 

-Град Скопје препознава во МОТ една фундаментална институција и поради тоа ја зголеми поддршката на 3 милиони денари годинава од програмата за поддршка на проекти од областа на културата, и се надевам дека следната година нашиот пример ќе го следат од Министерството за култура бидејќи МОТ е МОТ- рече Шилегов.

 

Шилегов ги повика сите скопјани што помасовно да ги посетат претставите и да  ги примат пораките коишто само алтернативната уметност може да ја прати кон општеството и дека ќе уживаат во квалитетни театарски содржини што ги нуди Фестивалот.

 

На пресот за новинарите присуствуваа и Русе Арсовски, директорот на МКЦ и  Филип Јовановски, еден од авторите на проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ што ја доби главната награда „Златна Трига“ на престижното Прашко квадриенале.

 

.be&fbclid=IwAR2U-zf7khzlW2wBbolebVAHSq3i6MOylJeM4YFD__p9kzxS3OAmS5ElBKg





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.