„Анима мунди“ реагира на најновиот случај на убивање бездомни кучиња во Аеродром

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска преку соопштение реагираше на најновиот случај на убивање две бездомни кучиња во скопската населба Аеродром.

 

– Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија – повторно фрапантен случај на насилство во Аеродром каде се убиени две мирни бездомни животни, миленици на жителите. Едното најдено мртво, другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде го носеа и се обидуваа да го спасат Daisy Family Rescue. Тие и повикаа, пријавија во полиција, се вели во соопштението.

 

Од „Анима мунди“ велат дека досега ништо не е сторено за похуман третман на животните и најавуваат протести доколку не се најде сторителот на ова дело.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.