Без струја утре дел од Карпош, Сарај и Ѓорче, дел од Центар без вода

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините  Карпош, Сарај и Ѓорче Петров.

 

Без електрична енергија ќе останат од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од  дел од наелба Момин Поток, од 09:00 до 14:30 часот корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка и од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од село Никиштани и дел од село Волково.

 

Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од од ф-150мм на ул. Светозар Марковиќ бб, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Светозар Марковиќ, Истарска и Битолска во  општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.