Ќе се чистат скопските општини по повод Светскиот ден на чистењето

Масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини ќе се спроведе денеска во организација на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

 

Во рамки на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани,ќе го означат почетокот на оваа акција.

 

Акцијата ќе се одвива од денеска до 24 септември, а во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го остават кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.