На кои локации скопјани ќе може да го исфрлат кабастиот отпад

По повод Светскиот ден на чистењето – 21 септември, Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

 Во акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост. Воедно, во периодот од 21.09 до 24.09.2019 година, во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да одлагаат кабаст отпад - стар мебел и отпад од електронската и електричната опрема. Почетокот на акцијата за чистење денеска го означија градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

 

- Градот Скопје денеска почнува една масовна акција со која што што ќе помогнеме на општините да се исчистат споредните улици, бидејќи главните градски услици се предмет на секојдневен третман и истовремено да ја промовираме акцијата за собирање на кабаст отпад, односно негово правилно одлагање во специјални садови, а не во контејнерите. Исто така, со оваа акција ќе ги извадиме графитите од ѕидовите кои претставуваат говор на омраза. Тоа не значи дека градот е против урбаната уметност на графитите, туку против говорот на омраза. Урбаната уметност и графитите се симбол на секој град и Град Скопје го стимулира тоа, меѓутоа содржини со говор на омраза се неприфатливи – рече денеска градоначалникот Шилегов.

 

Садовите за одлагање кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации:

 

Општина Чаир:

- раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ,

- раскрсницата меѓу улиците Џон Кенеди и Дижонска,

- улица Ресенска, до ресторанот „Фа-Фа“.

 

Општина Аеродром:

- булевар Февруарски поход, во близина на супер маркетот „Рамстор“, кај автобуската постојка на последна 5-ка,

- булевар АВНОЈ број 68 - 74 во непосредна близина на маркетот „М“,

- населба Лисиче, улица Димитар Туриманџоски, кај полициската станица.

 

Општина Шуто Оризари:

- во близина на „Жито Лукс“,

- меѓу улиците Брсјачка буна и Нов живот, кај Спортската сала,

- меѓу улиците Нов живот и Гвадалахара, во близина на автобуската постојка на последна 19-ка.

 

Општина Гази Баба:

- населба Автокоманда, улица Лазар Поп Трајков (пред напуштениот објект на „Центро“)

- улица Маџари, кај ресторан „Далија“,

- населба Железара, кај автобуската постојка на последна 16-ка.

 

Општина Бутел:

- улица Груица Војвода (зад кино „Бутел“),

- сквер на улиците Хо Ши Мин и Рудо, Бутел 1,

- кај спортската сала „Иван Хаџи Николов“ во Радишани.

 

Општина Кисела Вода:

- улица Ратко Митровиќ, до Спортската сала,

- раскрсница на улиците Христо Татарчев и Дебарска, кај „Гет кафе“,

- Парк Пушкин.

 

Општина Центар:

-  спроти „Вучко“, на аголот на улиците Костурски херои и Борка Талевски,

- кај кружен тек во Дебар маало на улица Наум Наумовски Борче,

- кај Зелен пазар, на паркингот зад „Макпетрол“, до подземните контејнери.

 

Општина Карпош:

- улица Брадфордска, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во Козле,

- улица Женевска, кај автобуската постојка на последна 24-ка, во Тафталиџе 2,

- улица Ванчо Мицков бр.50, кај постојните контејнери на ЈП „Комунална хигиена“.

 

Општина Ѓорче Петров:

- улица Даме Груев, десно кај Ромското маало,

- населба Хром, улица Воин Драшковиќ, до спортското игралиште,

- населба Дексион, кај автобуската постојка на последна 5-ка.

 

Општина Сарај:

- на патот за Грчец, кај „Халк банка“,

- село Кондово, кај фурната.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.