Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Власта и Шилегов да одговорат чии бизнис интереси штитат за еколошката катастрофа на Вардар

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Градот Скопје бара сеопфатна истрага за еколошката катастрофа која се случи на реката Вардар и уништувањето на живиот свет во главната артерија на Скопје.

 

Ова не е изолиран инцидент, туку последица на континуирана негрижа на Градот Скопје и надлежните институции. Наместо парадерство на Шилегов, потребно е да се засукаат ракавите и да понудат конкретни решенија. Популизмот на Шилегов платен со парите на граѓаните не може да ја сокрие неговата неспособност и лукративност. Оттука во неделата кога Шилегов се фалеше со достигнувањата во заштитата на животната средина среде Скопје отровна хемиска супстанца предизвика помор на риби во реката Вардар. И ова не е прв пат да се предизвика вакво уништување на животната средина. Жителите во близина на еколошката катастрофа се жалат постојано на миризби и испуштање на токсични материи во водата, додека градските инспекциски служби не реагираат со што се ставаат во заштита на нечиви бизнис интереси наместо да го штитат здравјето на граѓаните.

 

Шилегов треба да одговори кој тоа во континуитет дозволува еколошка катастрофа и поради чии бизнис интереси тоа се толерира. Зошто за Градот Скопје бизнис интересите се поважни од здравјето на граѓаните? Кој бизнисмен власта го штити како бела мечка и дозволува еколошка катастрофа среде Скопје?

 

Петре Шилегов и надлежните државни институции се најнадлежни да го решат постојниот случај со еколошката катастрофа во Скопје.

 

Две години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

 

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.