Почна реконструкцијата на улицата „Павел Шатев“

Градските власти денеска ја почна реконструкцијата на улицата „Павел Шатев“ или поранешна „Бихаќка“ и улицата „Црниче“, меѓу општините Центар и Кисела Вода. Во наредните 30 дена ќе се реконструираат коловозот и дел од тротоарите на овие улици.

 

– Улицата „Павел Шатев“ ќе се реконструира од подвозникот се до граничењето со улицата „Востаничка“, која ќе почнеме да ја реконструираме во текот на наредната година. Должината изнесува околу 810 метри, a целиот зафат го чини Градот околу осум милиони денари, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

 

Тој потсети дека летово екипите на Град Скопје вршеа целосна реконструкција на оние улици што се оптоварени со сообраќај. – За нас императив е инфраструктурата што ја имаме, која долги години беше запоставена, да ја доведеме во ред, рече Шилегов, при што апелираше граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

 

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека има фекалии во реката Вардар, Шилегов рече се работи за недозволен индустриски отпад.

 

– Иако тоа не беше наша надлежност, во моментот кога беше констатирана таа состојба, на мое барање Градскиот инспекторат и „Водовод и канализација“ – Скопје земаа примероции од водата и го повикавме надлежниот инспектор за води. Во текот на денешниот ден испитувањата од водата и целокупниот предмет ќе биде предаден на надлежниот инспектор за води во нашата држава, рече Шилегов.

 

Тој најави дека ќе бара освен прекршочна постапка, да се испитаат сите можности од страна на државниот инспектор и да се поведе и кривична одговорност. Шелегов потсети дека досега на еден субјект од комплексот Железара му се изречени прекрошоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.