Јанчева: Булеварот Трета македонска бригада набргу ќе биде довршен

Булеварот Трета македонска бригада, конечно, по шест години од почетокот на неговата изградба, ќе биде довршен, изјави Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје.

 

„Град Скопје го почна отстранувањето на сервисот за миење автомобили, кој, поради брзоплетото и непланско работење на претходната власт, беше пречка за довршувањето на изградбата на булеварот. Градската администрација раководена од СДСМ и градоначалникот Шилегов со одговорен однос кон судскиот имотно-правен спор за објектот на овој сервис успеа да го заштити интересот на граѓаните обезбедувајќи услови за целосно завршување на изградбата на булеварот“, рече таа.

 

Јанчева потсети дека првата фаза од проширувањето на тогашната улица Трета македонска бригада од булеварот Србија до спорниот објект била почната во 2013 година, на почетокот на вториот мандат на Коце Трајановски.

 

И покрај апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, рече таа, до крајот на својот мандат Трајановски не успеа да го реши судскиот спор.

 

„Од тие причини проширувањето на улицата во булеварско решение Трајановски го развлекуваше цели 4 години. Неспособноста и непланското работење на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ цели 4 години ја прошируваше и ја остави недовршена една од најфрекфентните улици во општина Аеродром. Спорниот објект на овој сервис за миење автомобили до вчера го попречуваше нормалниот проток на возилата и на тој начин ги намалуваше и брзината и безбедноста на сообраќајот. За само 2 години од преземањето на локалната власт во Град Скопје, СДСМ успеа со одговорен однос кон управувањето на Градот и штитењето на граѓанските интереси да го доведе до крај имотно-правниот спор што Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го решат цели 4 години“, рече Јанчева.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.